Изданието е посветено на неговиот животен и професионален пат, со цел делото да се зачува и да им се пренесе на идните генерации. Општина Демир Хисар го опишува Лозановски како професор и творец кој со знаењето, творештвото и љубовта кон Македонија и Демир Хисар придонесувал за културниот, научниот и општествениот живот на средината.
Признанието за животно дело на членовите на семејството им го врачи проф. д-р Менде Солунчевски, иницијатор и промотор на книгата и еден од најблиските соработници на професорот Ване. Посебно признание додели и директорката на училиштето, Јасмина Дамчевска, за неговата професионална посветеност, човечки вредности и придонес во образованието. Во освртот на неговата педагошка работа, Општината ја нагласува и улогата што ја имал во охрабрувањето на младите да веруваат во сопствените можности и да негуваат вредности.
Промоцијата ја организираа ЗГАКЕР „Валавица“ и Домот на културата „Илинден“ од Демир Хисар, како дел од одбележувањето на деновите на патрониот празник на СОУ „Крсте П. Мисирков“.
Изработката и издавањето на книгата беа поддржани од градоначалникот на Општина Демир Хисар, Никола Најдовски, преку проектот „Нашиот професор – Ване и неговиот придонес за развој на културата, науката и руралниот туризам на Општина Демир Хисар“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.