Според Келепуровски, програмата предвидува нови и реконструирани улици, водовод и канализација, спортски сали, училишта, детски игралишта и градинки. Од вкупниот број проекти, 160 продолжуваат, а 24 се нови, што тој го оцени како спој на континуитет и нови развојни можности.
Келепуровски ја нагласи важноста развојот да не застанува во центарот на градот. Според него, и населените места заслужуваат еднакво внимание, подобра инфраструктура и подобри услови за живот.
Поддршката за програмата ја придружи со порака за нејзиното спроведување. Нагласи дека таа е план, а одговорноста е планираното да стане реалност со јасни рокови, одговорно трошење и видливи резултати.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.