Градоначалникот на Зрновци, Ванчо Митев, ги извести жителите дека испитаниот примерок е безбеден за пиење, повикувајќи се на лабораторискиот извештај бр. 1913/2026. Примерокот е земен на 9 ноември, а тестирањето завршило вчера, кога е издаден и извештајот. Наодите се однесуваат на примерокот од оваа чешма.

Микробиолошката анализа не детектирала ешерихија коли и колиформни бактерии. За нив, како и за цревните ентерококи и бактеријата „Pseudomonas aeruginosa“, лабораториските резултати се под една единица што формира колонија на 100 милилитри. Вкупниот број бактерии испитувани на 36 степени е 20 на милилитар, колку што е дозволениот максимум, а на 22 степени е исто така 20, при дозволен максимум од 100.
И физичко-хемиските параметри се во дозволените граници. Измерената „pH“-вредност е 7,59, во дозволениот опсег од 6,5 до 9,5, а не се детектирани матност, мирис и вкус. Испитаните концентрации на амонијак, нитрити, нитрати, хлориди, железо и манган се под максимално дозволените вредности.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.