Целта на проектот е да се зголемат капацитетите за паркирање, да се олесни сообраќајниот проток и да се подобри урбаната инфраструктура. Паркингот е еден од двата проекта во програмата што се директно поврзани со работата на ЈП „Јавни паркиралишта и зеленило“ – Гостивар.
Вториот проект е набавка на специјализирано возило за службата за отстранување неправилно паркирани возила. Претпријатието очекува со него да ги зголеми оперативните капацитети, поефикасно да дејствува на терен и да придонесе за поголем ред и безбедност во сообраќајот.
Од јавното претпријатие го поздравија усвојувањето на програмата и ги оценија двата проекта како поддршка за модернизација на услугите. Нивната цел е преку таа модернизација и институционална соработка да придонесат за подобар квалитет на животот во Гостивар. Претпријатието изрази надеж дека понатамошните постапки ќе се одвиваат забрзано и дека проектите ќе се реализираат во најкраток можен рок.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.