Работилниците ги организираше „Кино Балкан“ во соработка со Општина Ѓорче Петров. Учениците работеа под водство на Саша Станишиќ, Дамјана Пачева, Александар Трајковски и Тихомир Кашмицовски.
Учениците од „Страшо Пинџур“ се запознаа и со филмското наследство преку стари филмски камери, проектори, филмски ленти, фотографии и плакати. Преку нив откриваа како се создавале и прикажувале филмовите низ годините и како се развивала кинематографијата.
Целта е на младите да им се дадат можности да ги откриваат своите таленти, да учат и да ја развиваат креативноста. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, најави дека поддршката за културата и младите ќе продолжи, со намера тие не само да ја следат културата, туку и да ја создаваат.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.