Предложените услови предвидуваат најмалку еден од брачните другари или самохраниот родител да има најмногу 40 години на денот на поднесување на барањето и да има живеалиште во општината најмалку две години. Барателите не треба да поседуваат друга станбена недвижност.
Првиот дом треба да се обезбеди со изградба, доградба или надградба на објект во сопственост на барателите во Шуто Оризари. Предвидено е да се достави целосна техничка документација согласно Законот за градење, како и изјава дека домот ќе се користи за сопствено домување најмалку десет години.
Предлогот опфаќа целосно ослободување од општинскиот дел, кој изнесува 40 проценти од вкупниот надоместок таму каде што се дели со Град Скопје. Градската мерка ги опфаќа преостанатите 60 проценти за изградба на прва семејна куќа во рамките на Генералниот урбанистички план на Скопје. Ако Советот го усвои предлогот, барателите што ги исполнуваат условите за двете мерки би можеле да остварат целосно ослободување.
По донесувањето на одлуката, Општина Шуто Оризари ќе ги објави конечните услови, потребните документи и начинот на поднесување барања.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.