Пријавувањето е од понеделник до среда, директно кај реализаторите на работилниците или кај наставничката Ивана Петров Ѓоргиева. Целта е заинтересираните активно да се вклучат во реализацијата, со размена на идеи, знаења и креативни активности.
Програмата опфаќа и изработка на масти, креми и лосиони на 20 ноември, за 50 учесници. Истиот ден ќе се одржи „Здравје и храна“, со 10 места. Земјоделската работилница е закажана за 23 ноември, исто така за 10 учесници.
Храната ќе биде тема и на „Молекуларна гастрономија“ на 25 ноември и на работилницата за моќта на квасецот и ферментацијата на тесто на 26 ноември. За 27 ноември се најавени дехидрирање и желирање со изработка на коцка за супа, како и „Сапунска магија – кога науката се претвора во креативност“. Секоја од овие четири работилници има по 10 места.
За „Брза географија“ на 19 ноември се предвидени 15 учесници, а за „AstroLab“ на 23 ноември – 30. Лингвистичката работилница по италијански јазик на 25 ноември ќе прими 30 учесници, додека дигитално-уметничката работилница на 26 ноември има 15 места.
Ноемвриската програма содржи вкупно 14 работилници. Во неа се вклучени и хемиска работилница со термин на 11 ноември и квиз по математика со термин на 13 ноември.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.