Најважно
385 вести · 24 ч.
Берово 5°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Детската книга на влашки јазик во фокусот на „Збор по збор“ во Штип

Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.
Сликата може да биде изменета или целосно генерирана со вештачка интелигенција.

Детската книга на влашки јазик ќе биде во средиштето на книжевното дружење „Збор по збор“, закажано за 16 ноември во 17:30 часот во НУ-УБ „Гоце Делчев“ во Штип.

Библиотеката ги поканува читателите на дружење чија цел е преку детската книга да се негува јазичното наследство, да се слави различноста и да се поттикнат нови љубители на читањето.

На одржаната промоција на проектот „Збор по збор“ беа претставени осум илустрирани книги за изучување на влашкиот јазик од најмала возраст. Книгите веќе се дел од фондот на библиотеката „Гоце Делчев“ во Штип.

Проектот е финансиран од Министерството за односи меѓу заедниците.

Настанот го реализираше Здружението за унапредување, заштита и промоција на влашката култура и традиција „Тихе“ од Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.