Во прифатилиштето доаѓаат кучиња оставени сами на улица, како и кучиња за кои никој не презел одговорност. Од „Лајка“ ги опишуваат како жртви на човечката неодговорност и порачуваат дека бездомните кучиња не се причината за проблемот, туку неговата последица.
Претпријатието предупредува дека заловувањето, третманот и вдомувањето не можат да го запрат приливот на нови кучиња на улиците сѐ додека продолжуваат напуштањето и неконтролираното размножување.
Затоа, апелот не се однесува само на помош за кучињата што веќе се бездомни, туку и на спречување други миленици да завршат на улица. Покрај повикот за одговорно сопствеништво, „Лајка“ ги повика граѓаните да вдомат куче од прифатилиштето.






Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.