Објектот подолг период бил надвор од функција поради оштетувања од пожар. По реконструкцијата се обезбедени значително подобри услови за работа на припадниците на единицата.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ја посети единицата, а за време на посетата се запозна и со специјализираната обука на припадниците на униформираната полиција. Обуката е наменета за справување со нарушувања на јавниот ред и мир од поголем обем.
Во тек е и набавка на нова опрема за јавен ред и мир, наменета за специјалните полициски единици.
Тошковски притоа изјави дека стапката на криминалитет е најниска во последните 20 години, а ефикасноста во откривањето кривични дела и сторители достигнала 70,3 проценти. Тој ги посочи овие резултати како мотив за натамошна модернизација на полицијата и рече дека вложувањата во неа се вложувања во безбедноста на граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.