Цртежите им беа подарени на деца на возраст од пет и шест години. Во соработката со библиотеката беа вклучени воспитувачките Весна, Маја и Весна од „Весели цветови“, на кои библиотеката им се заблагодари за заедничкото организирање активности и настани.
Светскиот ден на детето се одбележува секоја година на 20 ноември, на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, како ден за акција од децата за децата на глобално ниво. Целта е да се насочи вниманието кон обврските на општеството кон децата и проблемите со кои тие се соочуваат, вклучително и потребата од заштита од злоупотреба, насилство и експлоатација.
Библиотеката потсети дека има деца што живеат на работ на егзистенцијата, без доволно храна и без пристап до образование и здравствена заштита. Нејзиниот повик е грижата за детските права и подигањето на свеста за нив да не се ограничуваат само на 20 ноември.
По повод денот, ЈЛБ „Илинден“ упати и порака во стихови за еднаквост и мир: наместо атомски бомби, тенкови и топови да се градат градинки, училишта и домови, а секое дете да има храна, играчки и книги.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.