Со учениците разговараа Катерина Баулоска и Гордана Јаковческа од Секторот за инспекциски надзор. Преку објаснувања, едукативни картички и прашања и одговори, децата дознаа повеќе за надлежностите на комуналните инспектори и нивната работа во одржувањето на јавната чистота.
Разговорот ја опфати и важноста на јавната хигиена и одговорното однесување кон просторот во кој живееме. Средбата беше дел од наставата по предметот Историја и општество, посветена на грижата за животната средина.
Од училиштето оценија дека средбата придонела за подигнување на еколошката свест кај учениците и за развивање чувство на лична и заедничка одговорност. Притоа ја нагласија улогата на малите секојдневни навики и одговорните постапки во грижата за општината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.