Во населбата Ново Лисиче во Аеродром опожарени се два пластични контејнера, а на булеварот Македонско-косовска бригада во Чаир два метални. Сите четири биле со зафатнина од по 1,1 кубен метар. Според претпријатието, ги опожариле непознати сторители.
Сите случаи се пријавени до надлежните органи. Од „Комунална хигиена-Скопје“ очекуваат мерки за пронаоѓање и санкционирање на сторителите и апелираат да престане уништувањето на контејнерите, за екипите навремено да ги извршуваат теренските обврски согласно Оперативната програма за работа.
Покрај замената на опожарените контејнери, екипите изминатата седмица отстранија 760 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемото количество отпад од диви депонии, 190 кубни метри, е расчистено во општината Центар.
За правилното постапување со отпадот и придобивките од примарната селекција, односно неговото одвојување на местото каде што се создава, беа одржани и еко-предавања во ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода. Со нив беа опфатени 100 ученици од четвртите одделенија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.