Може да се остави облека од сите видови и материјали, како и постелнина, пешкири и завеси. Се прифаќаат и истрошени и скинати парчиња, остатоци од шиење и ткаење.
Во контејнерот не треба да се оставаат парчиња извалкани со храна, маслена или хемиски контаминирана облека, пластични кеси и пакувања. Чевли, ремени и чанти исто така не се прифаќаат во оваа кампања.
Вчера учениците од „V-2“ одделение во училиштето имаа работилница со Тексомак за правилно селектирање на текстилниот отпад. Преку презентација беа обработени повторната употреба и рециклирањето, нивната важност за зачувување на животната средина и можноста секој ученик да придонесе за почиста и поздрава околина.
Меѓу советите за постапување со текстилот беа намалување на потрошувачката, поправка, повторна употреба, донирање, селектирање и рециклирање.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.