Посетителите на базарот можеа да вкусат традиционална скопска симит-погача и други домашни специјалитети и да донираат за повредените. Храната ја подготвија Активот на жени пензионерки од Центар и компании што го поддржаа настанот.
Под мотото „Младите за возрасните и возрасните за младите“, фестивалот ги собра пензионерите од Здружението на пензионери на Општина Центар, членови и почитувачи на Сојузот на борци, основци и културни работници.
Програмата ја отвори пензионерскиот хор „Елегија“, по што следуваа ученички хорски изведби, рецитали посветени на Скопје и музички точки. Пензионерите настапија со рецитации и фолклорни изведби, а посебен дел беше посветен на историското значење на 13 Ноември и ослободувањето на градот.
Градоначалникот Горан Герасимовски прв донираше на базарот. Тој порача дека одбележувањето на празникот со хуманост и солидарност е начин да се живее слободата и дека сака Центар да се развива како заедница во која солидарноста, грижата и човечноста се заеднички вредности.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.