Ревалоризацијата значи повторно вреднување на локалитетот. Од Заводот и музејот ги посочуваат овие активности како чекор кон понатамошна стручна заштита, зачувување и соодветна презентација на археолошкото и културното наследство на Исар – Марвинци.
На локалитетот се одвиваат археолошки истражувања под раководство на археологот Јане Клековски. Нив ги финансира Археолошкиот музеј на Македонија.
Истражувањата на Исар – Марвинци ги посетија претставници на НУ Завод и музеј – Струмица, заедно со директорката на Археолошкиот музеј на Македонија, Магдалена Манаскова, директорката на Управата за заштита на културното наследство, Весела Честоева, и градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.