Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

„Вљубениот Шекспир“ вечерва во 20 часот на велешката сцена

Фотографија објавена на јавниот профил на НУ Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот Велес
Фотографија објавена на јавниот профил на НУ Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот Велес
  • Претставата е по текст на Марк Норман и Том Стопард, во режија на Бојана Василковска.
  • Зорица Панчиќ ги игра Кралицата Елизабета и Дадилката.
  • Преводот е на Сашо Димоски и Катерина Момева.

Претставата „Вљубениот Шекспир“ вечерва, со почеток во 20 часот, ќе се игра во НУ Театар Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес.

Претставата е по текст на Марк Норман и Том Стопард, во режија на Бојана Василковска. Вил Шекспир го игра Филип Христовски, а Виола де Лесепс ја толкува Катерина Јовановиќ.

Исидор Јовановски настапува како Кит Марлоу, Ралф и Чамџијата, Благојчо Стојанов ги игра Хенслоу и Сер Роберт де Лесепс, а Жарко Спасовски ги толкува Весекс и Нол. Зорица Панчиќ ги игра Кралицата Елизабета и Дадилката.

Во поделбата се и Фаик Мефаилоски како Фенимен и Вабаш, Кире Ацевски во улогите на Барбиџ, Чуварот и Сем и Мартин Мазнев како Ламберт, Тилни и Нед Алејн.

Преводот е на Сашо Димоски и Катерина Момева. Сценографијата ја потпишува Филип Коруновски, костимографијата Катерина Чукниева, а кореографијата Васил Зафирчев. Изборот на музика е на Сашко Костов, а за шминката е задолжена Мартина Чукниева.

Инспициент е Славиша Ѓеоргиев, суфлер е Орхидеја Дукова, а технички раководител е Никола Игнов. За светлото се задолжени Марјан Тодоровски и Зоран Јордев, за тонот Сашко Костов, за гардеробата Јулија Ангеловска, а за реквизитите Благој Илиев.

Декоратерската екипа ја сочинуваат Игор Гаврилов, Хишам Латифов, Ѓоре Павлов, Јовица Стаменковски, Трајче Кулев, Роберто Карадаковски, Никола Спасев, Александар Костов, Игор Стоиљковиќ и Леонид Николов.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.