Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

„Референти по збрки“ премиерно на 26 ноември во Кавадарци

Архивска фотографија · Извор: facebook.com
Архивска фотографија · Извор: facebook.com

Претставата „Референти по збрки“ на Театарот при Домот на културата „Иван Мазов - Климе“ од Кавадарци ќе има премиера во четврток, 26 ноември 2026 година, најави културната установа.

Режијата и адаптацијата се на Диме Коцевски, кој е и дел од актерската екипа. Во претставата играат и Сашко Орешков, Видан Станоев, Диме Боцев, Александар Малинков, Цветанка Прочков, Анастасија Д. Ристовски, Александар Видиков, Здравко Петров и Драган Кабранов.

За светлото и музиката е задолжен Пепи Ангелов, а сценографијата е на Тони Туриманџов. Благица Илиева е гардеробер и реквизитер.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.