Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Претстави режирани од жени на 51. МОТ во Скопје

Фотографија објавена на јавниот профил на Младински културен центар — Скопје
Фотографија објавена на јавниот профил на Младински културен центар — Скопје

Претстави режирани од жени ја сочинуваат програмата на 51. издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар (МОТ), кој ќе се одржи од 18 до 24 ноември 2026 година во Скопје. Годинешното издание е посветено на жената и женското авторство.

Под мотото „Овојпат таа кажува“, фестивалот го насочува вниманието кон женскиот творечки глас, перспективите и авторските пристапи во современиот театар. Претставите преку различни сценски јазици и естетики отвораат прашања за слободата, идентитетот, љубовта, општествените ограничувања и положбата на жената.

За концептот и програмата денес во Младинскиот културен центар со новинарите разговараа режисерките Нина Николиќ, со „Последниот час по клавир“ во продукција на Перипетија, и Теодора Силјаноска, со „Кокошка“ на Театар Комедија. На прес-конференцијата учествуваа и директорот на МКЦ, Димче Арсовски, и претставниците на програмскиот тим Филип Николовски и Кирил Мечалов.

За седумте фестивалски дена, билетите се достапни преку платформата за билети на МКЦ. Објавената промотивна цена е 400 денари.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.