Зачелари, предавачка на Универзитетот Александар Мојсиу во Драч, истражувала материјали во австриските архиви од првата деценија на XX век. Претставените документи потекнуваат од периодот на Австро-Унгарската Империја.
Конференцијата за Битолскиот конгрес меѓу вчера и денес ја организираа Агенцијата за примена на јазикот и Универзитетот Мајка Тереза, по повод Денот на азбуката.
За историските тешкотии зборуваа Ајтене Ќамили и Салајдин Салиу, кои презентираа податоци за процесот на избор, а потоа и за спроведувањето на одлуките донесени на Битолскиот конгрес. Истражувачот Авни Авдиу ги обработи континуираните предизвици во употребата на азбуката на албанскиот јазик.
Проблемите во административната употреба на писмото беа тема на излагањето на Лирим Шала. Тој зборуваше за транслитерацијата, односно пренесувањето на буквите од едно писмо во друго, при регистрацијата и изработката на документите за идентификација на граѓаните на Македонија, кога се јавуваат проблеми со имињата и презимињата.
За значењето на Денот на азбуката се обратија директорот на Агенцијата, Гранит Османи, заменик-министерот за образование и наука, Дритон Сулејмани, и проректорот за настава и студентски прашања на Универзитетот Мајка Тереза, Фати Исени.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.