Мила Атанасова и Невена Ефремовска, заедно со нивната наставничка Анета Миховска Гаврилов, ја обработија темата „Во волшебниот свет на Исидора Мун – животот и творештвото на Хариет Мункастер“. Претставувањето беше придружено со проекција на текст и фотографии за авторката и нејзината хероина.
Во средиштето беа приказните во кои се испреплетуваат магијата и секојдневието, различноста и пријателството, фантазијата и детската љубопитност. Од „Помеѓу две корици“ посочија дека изборот на темата произлегол од разговорите за тоа што читаат најмладите и кои се нивните интереси. Нивната порака е дека на децата треба да им се остави простор за избор и креативност во читањето и учењето.
Од ОУ „Браќа Миладиновци“ во Пробиштип ја означија средбата како книжевна соработка меѓу две училишта, со која бил одбележан Месецот на книгата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.