Агенцијата го оцени учеството како можност за промоција на потенцијалите на македонската економија пред меѓународната инвестициска заедница и за позиционирање на земјата како привлечна инвестициска дестинација. Целите се привлекување странски директни инвестиции, продлабочување на институционалните и деловните партнерства и развој на стратешка економска соработка.
Форумот собра високи владини претставници, носители на економски политики, меѓународни институции и деловни лидери. Дискусиите ги опфатија и можностите за долгорочна економска соработка, со цел поттикнување на инвестициите, унапредување на регионалната соработка и зајакнување на економската поврзаност во Европа.
Настанот „Vienna Future Dialogue“ 2026 се одржа во свечената сала на Австриската национална банка, под мото за заедничка визија за заедничка иднина, со стратешките предизвици во фокусот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.