Претставувањето ја опфати работата на ИНОВА во поддршката на иновациите и претприемништвото, како и насоките во кои се развива институционалната поддршка за домашната иновациска средина. Димовска беше панелистка на дискусијата „Building Sustainable Startup Ecosystems in the Western Balkans“, посветена на иднината и одржливиот развој на стартап-екосистемите во регионот.
За градењето посилни, поповрзани и одржливи стартап-екосистеми во Западен Балкан, Димовска размени искуства и перспективи со Филип Илиќ од „ICT Hub“ од Србија, Сузи Лазебеу од „Innovation4Albania“, Сабина Селвиќ Оручевиќ од „Business Angel Network“ од Босна и Херцеговина и Саша Ивановиќ од Фондот за иновации на Црна Гора.
ИНОВА ја оцени регионалната соработка, размената на знаење и поврзувањето на институциите и учесниците во иновацискиот сектор како важен дел од создавањето нови можности за претприемачите и компаниите во регионот.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.