Проектот предвидува изградба на 70 километри цевководна мрежа под притисок, поставување околу 500 хидранти и изградба на нова пумпна станица.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски рече дека системот ќе овозможи наводнување капка по капка, попрецизно дозирање и поекономично користење на водата. Според него, тоа ќе им даде на производителите поголема контрола врз одгледувањето и услови за постабилни приноси и поквалитетен род, особено во сушните периоди.
Во проектот се предвидени и советодавна поддршка и практични обуки. Земјоделците ќе добијат стручни препораки за ефикасно користење на системот и приспособување на наводнувањето според почвата, временските прилики и потребите на културата.
„Страиште“ се надоврзува на првите две фази од проектот „Вардарска долина“ и го продолжува партнерството со германската развојна банка „KfW“.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.