348 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Николоски: Автопатите на коридорите 8 и 10-д се градат според роковите

Извор на фотографијата: Министерство за транспорт
Извор на фотографијата: Министерство за транспорт
  • Николоски оцени дека изградбата на автопатите се одвива според роковите.
  • Со Варнс разговараше за инфраструктурата, економијата и трговската соработка.
  • На средбата се разговараше и за НАТО и регионалната безбедност.

Изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10-д се одвива според предвидените рокови, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на денешната работна средба со Никол Варнс, вршителка на должноста амбасадор на САД во Македонија. Тој ја оцени динамиката на изградбата како одлична.

Инфраструктурните проекти и нивната реализација беа меѓу главните теми на разговорот, заедно со економската и трговската соработка. Според Министерството за транспорт, на средбата реализацијата на стратешките проекти од национален и регионален интерес била оценета како ефикасна.

Николоски и Варнс ја потврдија посветеноста на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД и на унапредувањето на билатералната соработка. Разговараа и за американската поддршка за реформските процеси во Македонија, при што ја истакнаа важноста на континуитетот на партнерските односи и заедничката посветеност на остварувањето на приоритетите, особено во економијата и трговската размена.

Тема на средбата беше и соработката во НАТО, како и прашањата поврзани со безбедноста и стабилноста на регионот.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.