Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Негативните цени на струјата влијаат врз исплатливоста на инвестициите

Гледај на YouTube

Високото производство на електрична енергија во периоди на ниска побарувачка носи и негативни цени, кои влијаат врз исплатливоста на инвестициите и одлуките на производителите. Овој предизвик, во услови на брз раст на обновливите извори, е една од темите во новата епизода на „Chamber Talks“, во која претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, разговара со Ристо Јаневски, претседател на Собранието на Комората и на Здружението за енергетика.

Особено брзо расте производството од фотоволтаици. Во разговорот се разгледува како инвестициите во обновливи извори да се усогласат со потребите на електроенергетскиот систем и како да се обезбеди стабилен и конкурентен пазар.

На домашниот пазар, воспоставувањето на македонската берза на електрична енергија, развојот на пазарот „ден однапред“ и воведувањето тргување во текот на денот го менуваат начинот на тргување и формирање на цените. Конкурентноста и функционирањето на овој пазар се посебна тема на разговорот.

Поширокиот контекст се промените на глобалните пазари, економските и нафтените кризи и либерализацијата на електроенергетските системи. Со либерализацијата, производството, големопродажбата и дистрибуцијата се издвојуваат во посебни сегменти, со нови правила за функционирање на пазарот.

Јаневски смета дека, за разлика од краткорочните политички и економски мерки, енергетските политики мора да имаат перспектива од 20 до 30 години. Според него, политичките и владините политики треба да се усогласат со техничките потреби и развојот на енергетската инфраструктура, за системот да може да одговори на идните потреби и предизвици.

Долгорочното стратешко планирање во разговорот се разгледува и како услов за енергетска сигурност и економски развој на државата.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.