Во објавата од 29 септември, министерката наведува дека соработката со Трезорот на САД продолжува да се јакне со цел да се градат посилни и поефикасни јавни финансии.
Димитриеска Кочовска оценила дека американската техничка помош е важен партнер за унапредување на институционалните капацитети и модернизација на финансиските системи. Таа навела и дека дел од основите на системот за буџетско планирање што се користи биле поставени со поддршка од САД.
Министерката најавила дека ќе продолжи работата на современ, ефикасен и силен систем на јавни финансии, со институции способни да одговорат на потребите на граѓаните и економијата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.