За енергетската ефикасност на зградите, Министерството ги претстави активностите за довршување на подзаконската регулатива за нивните енергетски карактеристики и за енергетските контроли. Во тек се и активности за развој на софтверот и регистарот за енергетски сертификати, воспоставување Информациски систем за енергетска ефикасност и подготовка на Инвентарот на јавни згради.
Финансиската поддршка за инвестициите беше опфатена преку активностите за ставање во функција на Фондот за енергетска ефикасност и координацијата со меѓународните финансиски институции. На состанокот беа претставени програмите за поддршка на енергетската ефикасност на Светската банка, „PEEB Cool“ и Регионалната програма за енергетска ефикасност („REEP“), а учесниците разменија искуства со Европската комисија, Енергетската заедница и финансиските институции.
Пошироката дискусија ги опфати најновите европски политики, спроведувањето на националните планови за енергија и клима и исполнувањето на националните цели. Се разговараше и за принципот „Енергетска ефикасност на прво место“ и новите регулаторни барања за енергетско означување на производите.
Примената на овој принцип беше тема и на работилницата „Implementing Energy Efficiency First: Lessons Learnt from Pilot Cases“, на која учествуваше Министерството. Работилницата беше организирана преку европскиот проект „ENEFIRST Plus“ во соработка со Секретаријатот на Енергетската заедница. Беа споделени искуства од Хрватска, Грција, Италија и Полска за националното енергетско планирање, транспортот, локалните енергетски и климатски планови и финансирањето на реконструкцијата на зградите.
Учесниците посетија и објекти во Виена, каде што беа претставени практични решенија за подобрување на енергетската ефикасност во зградите.
Следниот состанок на експертската група за енергетска ефикасност ќе се одржи во Македонија.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.