Според податоците на Еуростат на кои се повикува Левица, мрежниот трошок се зголемил за околу 149 денари за 100 kWh. Во истиот период, ставката за „енергија и снабдување“ пораснала од околу 304 на околу 331 денар за 100 kWh, или приближно 9%.
Левица наведува дека, според методологијата на Еуростат, мрежниот трошок ги опфаќа тарифите за пренос и дистрибуција, загубите во мрежата, системските услуги и другите трошоци поврзани со мрежата, како и мерењето и изнајмувањето броила.
Покрај замрзнување на цената за домаќинствата и преиспитување на одлуката, Левица бара вонредна ревизија и јавно објавување на пресметките и трошоците што му се признаваат на ЕВН. Партијата предлага социјален модел со гарантиран минимум евтина или достапна струја за секое домаќинство. Според предлогот, повисоката потрошувачка не треба да служи како изговор за казнување на семејствата што се греат на струја поради немање алтернатива.
Левица бара и јавна расправа и отчет во Собранието за работата на РКЕ и енергетските политики, како и ЕСМ Продажба да биде постојан законски универзален снабдувач.
Во објава од 2 октомври, Левица предложи тарифните блокови да останат, а временскиот опсег на евтината тарифа да се прошири.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.