Најважно
347 вести · 24 ч.
Берово 8°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

„Кој ја плаќа цената?“ – дебата за јавниот долг и животниот стандард во Скопје

Архивска фотографија · Извор: centar.gov.mk
Архивска фотографија · Извор: centar.gov.mk
  • Дебатата ќе ги опфати платите, животните трошоци и социјалната сигурност.
  • Ќе учествуваат Битиќи, Заева Христова, Узунов и Митевски.
  • Настанот е на 16 ноември, во 11 часот, во „Холидеј Ин“.

Колку јавниот долг ја оптоварува економијата и како денешните економски одлуки влијаат врз животниот стандард ќе се дискутира на јавна дебата во понеделник, 16 ноември, во Скопје. Фондацијата „Фридрих Еберт“ - Скопје го организира настанот под наслов „Кој ја плаќа цената? Јавен долг, економска одржливост и животен стандард“.

Разговорот ќе ги опфати платите, трошоците за живот и социјалната сигурност, како и долгорочните последици од економските политики. Учесниците ќе разговараат за одржливоста на јавните финансии и економските приоритети, со цел да се соочат различни аргументи за нивното влијание врз секојдневието на граѓаните.

На дебатата ќе учествуваат Фатмир Битиќи, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, и Олимпија Заева Христова, основачка и извршна директорка на „Elson Solutions“. Во дискусијата ќе се вклучат и Ванчо Узунов, професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, и Виктор Митевски, извршен директор на Здружението за истражување и анализи – ЗМАИ. Модераторка ќе биде Анета Додевска, новинарка во Телевизија 24.

Дебатата ќе почне во 11 часот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.