Семејството на Андрис соопштило дека тој се самоубил на 23 септември и дека нема индиции за туѓа вмешаност. Андрис починал во Тајланд.
Пред смртта, Андрис ѝ испратил на „FCA“ докази за одмазда од „BGC Partners“ и нејзините адвокати, како што тој ја оценувал нивната постапка. „FCA“ претходно му соопштила дека нема доволно докази за да заклучи дека имало одмазда. Андрис сметал дека тој заклучок му ја отежнал можноста да добие спор против фирмата пред трибунал, а „BGC Partners“ негирала дека му се одмаздувала.
Одделно од барањето на пратениците, „FCA“ побарала од новата неизвршна директорка во својот управен одбор, Лиа Патерсон, да го разгледа начинот на кој комуницирала со Андрис и постапувањето по неговите наводи.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.