351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Аеродром пронајдени 32 пакетчиња кокаин, поднесена кривична пријава

Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи
Извор на фотографијата: Министерство за внатрешни работи

При преглед на автомобил во скопската општина Аеродром биле пронајдени и одземени 32 пакетчиња кокаин, нож и пари. Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ч. (30) од Скопје.

Б.Ч. го управувал автомобилот „пежо“ со скопски регистарски ознаки и имал активна забрана за управување со возило.

Пријавата е поднесена по брза постапка поради постоење основи на сомнение за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, дело според член 215 од Кривичниот законик.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.