Според наводите во пријавата, во 2024 година Ј.К., како администратор на Фејсбук-страница, објавувал епизоди од телевизиска серија за кои немал авторски права. Правата за серијата биле отстапени само за програмски сервис на телевизиска куќа, врз основа на претходно склучен договор.
По наредба на ОЈО Скопје, секторот при МВР спровел истрага, го повикал пријавениот на информативен разговор и привремено одзел електронски уред во негова сопственост. МВР наведува дека форензичката анализа на уредот ги потврдила наводите од пријавата и исказот даден во разговорот. Пријавата не е судска одлука.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.