Договорот го потпишаа градоначалникот на Аеродром, Дејан Митески, и директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов.
Општина Аеродром го опишува грантот како најголем одобрен од Националната агенција во рамките на „KA240“, нова клучна акција што Европската комисија ја воведе минатата година.
Проектот е насочен кон унапредување на образованието преку современи методи на учење, развој на знаењата и вештините на наставниците и воспитувачите и подобра соработка меѓу градинките, училиштата и родителите. Предвидена е и поголема поддршка за децата на кои им е потребна дополнителна помош.
Во наставата се предвидува воведување нови дигитални алатки и ресурси, како и размена на искуства и добри практики со европските партнери.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.