На институционалната средба учествувале ректорката на УАКС, проф. Венера Крлиу, и раководителката на меѓународната канцеларија, Викторија Гомбар. Тие се сретнале со ректорот на Тор Вергата, проф. Натан Левијалди Гирон, и негови колеги. Средбата била насочена кон зајакнување на партнерството и создавање можности за студентите и академската заедница.
Разговорите опфатиле проширување на соработката во Еразмус-мобилноста и меѓународната соработка, како и разгледување дополнителни академски и институционални можности меѓу двата универзитета.
Делегацијата на УАКС се сретнала и со студенти од универзитетот кои студираат во Рим, на Тор Вергата. УАКС му се заблагодарил на ректорот и тимот на Тор Вергата за гостопримството, отворениот дијалог и посветеноста на зајакнување на односите меѓу институциите.
УАКС навел дека очекува продолжување на соработката и нови можности за студентите, наставниот кадар и двата универзитета.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.