Дискусиите биле посветени на економската иднина на регионот, интеграцијата на пазарите и зајакнувањето на конкурентноста на компаниите од Западен Балкан. Дурмиши рече дека во фокусот на неговата дискусија биле еден регион, еден пазар и агенда за реформи со конкретни резултати.
Според Дурмиши, Западен Балкан има индустриски потенцијал, а предизвик е создавањето поголема додадена вредност во регионот. Тој ги наведе посилните локални компании, инвестициите во технологија и иновации, развојот на инженерството, истражувањето и развојот и подоброто поврзување на добавувачите со европските вредносни синџири како насоки за тоа.
Регионалната интеграција, според него, треба во пракса да значи помалку бариери за бизнисот, повеќе инвестиции, работни места со поголема вредност и поконкурентна економија за граѓаните.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.