Погонот на Росатом обединува производство на електроди и литиумски ќелии, како и склопување батерии според потребите на купувачите. Според генералниот директор на корпорацијата, Алексеј Лихачов, производствената линија има капацитет од 18 милиони ќелии годишно, доволни за опремување до 50.000 електрични возила.
Првата гигафабрика е одделна од погонот на Росатом. Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, рече дека таа веќе има дозвола за пуштање во употреба, додека монтажата и калибрацијата на опремата се во тек. Тој рече дека се надева оти производството ќе почне до крајот на годината.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.