Прегледот опфаќа изводи од матичните книги, потврди од казнена и уверенија од кривична евиденција за физички и правни лица. Вклучени се и потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, податоци и потврди за работен стаж, како и уверение за државјанство.
Услугите се наменети за физички и правни лица, а нивното користење зависи од условите предвидени за секоја поединечна услуга. Комората објави и листа со директни линкови до услугите на „uslugi.gov.mk“.
Комората наведе дека ќе ги информира членовите за воведувањето на можноста адвокатите да поднесуваат барања и да прибавуваат документи во име на странките, како и за начинот на користење.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.