Гувернерот на Иркутската област соопштил дека причината за смртта е пневмонија со неутврдена етиологија. Во биолошките примероци на жената, според него, не биле пронајдени микроорганизми поврзани со нејзината работа.
Непотврдени извештаи наведувале дека жената се разболела откако скршила епрувета со патогенот или по теренска посета на област каде што чумата природно се јавува кај диви глодари.
Руските медиуми минатата недела објавиле дека речиси 200 лица за кои било познато дека имале контакт со жената биле под медицински надзор како мерка на претпазливост.
Руската служба за надзор на потрошувачите и здравјето, Роспотребнадзор, соопштила дека тим за биолошка безбедност го проверил институтот во Иркутск и не утврдил вонредна состојба. Гувернерот Игор Кобзев, повикувајќи се на службата, рекол дека по смртта не биле пријавени други случаи на вработени од институтот кои побарале медицинска помош.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.