Ѓорѓиевски ја опишал изложбата како приказ на историските приказни, идеите и храброста што го обликувале американското општество. Тој навел дека изложбата потсетува на одговорноста на секоја генерација да ги чува слободата, еднаквоста и човечкото достоинство.
Според градоначалникот, современиот и интерактивен пристап ја доближува историјата до младите и ги поттикнува да истражуваат, да поставуваат прашања и да размислуваат за сопствениот придонес во заедницата. Тој навел дека сака Скопје да поттикнува љубопитност и да создава можности за знаење, култура и развој.
Ѓорѓиевски им се заблагодарил на Никол Варнс, Амбасадата на САД и Американското катче во Скопје за довербата и соработката. Изразил уверување дека партнерството ќе продолжи да носи нови иницијативи и повеќе можности за младите и за градот.
Во објавата тој оценил дека соработката, културните средби и поврзувањето на граѓаните го зацврстуваат пријателството меѓу Македонија и САД. Ѓорѓиевски ја честитал годишнината и посакал пријателството меѓу двата народа да продолжи да се зацврстува.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.