Обуката е насочена и кон унапредување на практичните знаења и професионалните капацитети на полициските службеници и лицата задолжени за обезбедување.
Тошковски наведе дека се сретнал со амбасадорот на Франција Кристоф Ле Риголер и полициското аташе Михаел Жано. Разговарале за продолжување и продлабочување на полициската соработка меѓу двете земји.
Според министерот, партнерството трае повеќе од две децении и вклучува обуки, размена на искуства и експертска поддршка за полициските службеници.
До крајот на годината се планирани уште две обуки, едната за спречување перење пари, а другата за разузнавачки активности и работа во казнено-поправните домови. На средбата, според Тошковски, разговарале и за можноста соработката да се прошири со Центарот за обука на МВР, преку програми приспособени на потребите на идните полициски службеници.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.