345 вести · 24 ч.
Берово 8°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Расница кај Корошишта: откриено војничко погребување од VI век пр. н. е.

Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за култура и туризам
Фотографија објавена на јавниот профил на Министерство за култура и туризам
  • Националниот археолошки музеј ги спроведува истражувањата во соработка со две институции.

На археолошкиот локалитет Расница, кај струшкото село Корошишта, е откриено војничко погребување од VI век пред новата ера. Во него се пронајдени оружје и предмети од злато, бронза и килибар.

Меѓу наодите се штит, шлем, копја и меч.

Истражувањата ги спроведува Националниот археолошки музеј од Скопје, во соработка со Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид и Управата за заштита на културното наследство.

Според надлежните, резултатите дополнително го потврдуваат карактерот на Расница како архајска некропола. Тие отвораат можности за проучување на погребните обичаи, воената и општествената структура, како и елитите што живееле во Охридско-струшкиот регион во VI век пред новата ера.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.