Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

„Саботна ноќна треска“ вечер се отвора во Белград

Извор на фотографијата: Министерство за култура и туризам
Извор на фотографијата: Министерство за култура и туризам
  • Изложбата се отвора вечер во 19.30 часот во Белград.
  • Поставката ја истражува фрагментацијата на современиот живот во Скопје.
  • Изложбата премиерно беше поставена во Скопје во 2024 година.
  • КИЦ во Белград ќе ја изложува до 1 ноември.

Изложбата „Саботна ноќна треска“ на Марија Ветероска, Игор Сековски и Иван Блажев ќе биде отворена вечер во 19.30 часот во Македонскиот културно-информативен центар во Белград, соопшти Министерството за култура и туризам.

Премиерно поставена во Скопје во 2024 година, изложбата преку видео и просторни инсталации и серија фотографии ја истражува социјалната, психолошката и урбаната фрагментација на современиот живот во Скопје. Куратор на поставката е д-р Ана Франговска, а таа ќе може да се разгледа во КИЦ во Белград до 1 ноември.

Изложбата се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам, во рамките на годишната програма за проекти од областа на меѓународната соработка.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.