Најважно
346 вести · 24 ч.
Берово 6°
Најважно
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Романот на Кица Колбе ќе ја претстави македонската литература во Софија

Извор на фотографијата: Министерство за култура и туризам
Извор на фотографијата: Министерство за култура и туризам
  • Романот „Снегот во Казабланка“ ќе ја претстави македонската литература во Софија.
  • Македонското „читателско гнездо“ ќе биде сместено во клубот „Паве“.
  • Извадокот од романот ќе го читаат Ѓорѓи Георгиев-Антика и Игор Дамјанов.
  • Делото е добитник на наградата „Роман на годината“.
  • Романот годинава е објавен на бугарски во превод на Маријан Петров.

Романот „Снегот во Казабланка“ од Кица Колбе ќе ја претстави македонската литература на „Ноќта на литературата“ во Софија, соопшти Министерството за култура и туризам.

Извадок од романот ќе читаат Ѓорѓи Георгиев-Антика и Игор Дамјанов во македонското „читателско гнездо“, кое ќе биде сместено во клубот „Паве“.

Делото е добитник на наградата „Роман на годината“, а годинава е објавено и на бугарски јазик во превод на Маријан Петров.

„Ноќта на литературата“ се одржува на различни локации во Софија и пред бугарската публика претставува современи европски книжевни дела.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.