351 вести · 24 ч.
Берово 6°
Локални вестиДемокритика
Редакција: Македонија.мкИспрати тема

Мени на Македонија.мк

Редакција:Македонија.мкНационални и локални вести
Испрати тема

Во Скопје денес втора форумска сесија за граѓански предлог-проекти

Архивска фотографија · Извор: commons.wikimedia.org · Syced · CC0
Архивска фотографија · Извор: commons.wikimedia.org · Syced · CC0
  • Работните групи ќе можат да ги претстават концептите од првата форумска сесија.
  • На крајот од процесот е предвиден избор на проект за финансирање.

Втората форумска сесија на проектот „Зајакнување на општинските совети - 2“ е закажана за денес во 10 часот, во салата до кабинетот на градоначалникот на Град Скопје.

Формираните работни групи ќе можат да ги претстават концептите произлезени од работата во првата форумска сесија и да разговараат за нивните придобивки за заедницата.

Форумските сесии се наменети за граѓани, граѓански здруженија и претставници на институциите, кои ќе предлагаат конкретни проекти. На крајот од процесот е предвидено да се избере најдобриот проект, кој ќе се реализира со средства од предвидениот фонд.

Проектот го финансира Швајцарската агенција за развој и соработка, а го спроведуваат УНДП и Град Скопје.

Имате дополнителна информација или забелешка за текстот? Контактирајте ја редакцијата.

Коментари (0)

Коментарите за оваа објава се затворени.