Јапонскиот министер за одбрана Шинџиро Коизуми соопштил дека телото било пронајдено рано во саботата. Јапонската јавна телевизија „NHK“ ја идентификувала жртвата како 39-годишната Јаги Ана, а осомничениот како 20-годишниот Девин Џејкоб Балард, стациониран во базата на американскиот Марински корпус Футенма.
Јапонската премиерка Санае Такаичи го опишала случајот како грабеж и убиство и рекла дека побарала од САД построга дисциплина за нивниот персонал. Јапонското министерство за надворешни работи соопштило дека во неделата го повикало американскиот амбасадор Џорџ Глас на разговор за случајот.
Американската амбасада во Токио и Маринскиот корпус соопштиле дека соработуваат со јапонските власти. Корпусот изразил и сочувство до семејството на жртвата.
Окинава е домаќин на неколку американски воени бази и десетици илјади американски војници. Гувернерот Гента Која рече дека префектурата повеќепати барала од САД мерки за спречување вакви инциденти и оцени дека случајот укажува на недостиг од дисциплина. Тој ги оценил напорите на американската војска за дисциплина и едукација на персоналот како неефикасни.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.