Во интервју за „CNN“ во неделата наутро, Ферел рекол дека лекарите сè уште се обидуваат да отстранат две дози пентобарбитал од нејзиното тело. Тој кажал дека Пајк е на вентилатор и дека можеби ќе поминат неколку дена пред да се знае нејзината прогноза.
Ферел добивал информации преку лицето со полномошно за медицинските одлуки на Пајк, а не разговарал директно со лекарите. Таа ги преживеала двата обида за егзекуција во средата и била пренесена во болница во Нешвил, Тенеси.
Властите не соопштиле дали ќе има нов обид за егзекуција, ниту објасниле што тргнало наопаку. Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, ги суспендирал сите егзекуции до крајот на годината.
Ферел побарал гувернерот да ја замени смртната казна на Пајк со доживотен затвор. Таа била осудена на смрт по пресудата за убиството на Колин Слемер во 1995 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.