Проектот го реализирале „Pro Local“ и осум организации од Пелагонија, меѓу кои и „Урбано Гнездо – Кривогаштани“, со поддршка од Владата на Швајцарија преку програмата „Цивика мобилитас“. На завршниот настан биле презентирани реализираните активности и искуствата од проектот, со посебен фокус на поголемото учество на младите во креирањето политики според нивните потреби и приоритети.
На конференцијата присуствувал и се обратил министерот во Министерството за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски. Поздравни обраќања имале и директорот на МЦМС, Александар Кржаловски, и претседателката на „Pro Local“, Емилиа Ѓероска.
Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, рекол дека младите немаат исти услови во урбаните средини како Битола и Прилеп и во помалите и рурални средини како Новаци, Могила, Долнени, Кривогаштани, Крушево и Демир Хисар. Според него, правото на секој млад човек да биде слушнат, да има услови за развој и да остане во родниот крај мора да биде исто за сите.
Наградите биле доделени на млади бизнис иноватори од Пелагонија, учесници на Регионалната платформа за млади, регионален натпревар на иновативни бизнис идеи. На настанот се обратила и Александра Јосифоска од „Урбано Гнездо“, која го споделила своето искуство од проектот. Неодамна се стекнала и со сертификат за младински работник, како признание за ангажманот и стекнатото искуство во работата со млади.
Општина Кривогаштани наведува дека продолжува да работи на создавање услови младите да бидат активни учесници во развојот и иднината на заедницата.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.