Членствата ги прими директорката на домот Милена Стојановска врз основа на меморандумот за соработка што двете установи го потпишаа неодамна. Библиотеката донираше и 30 столни ламби за студентските соби.
По повод патрониот празник, директорката на библиотеката Христина Трпеска вчера ја предводеше делегацијата што го посети домот во одморалиштето на МВР, каде што тој сега е сместен. Библиотекарката Сања Лазареска и Илија Џајкоски, советник за административни, општи и правни работи и човечки ресурси, на вработените им подарија книги и промотивен материјал во издание на библиотеката.
На средбата присуствуваше и Марија Ораческа, директорка на Отворениот граѓански универзитет „Кузман Шапкарев“. Заедно со Општина Охрид, таа им понуди на студентите бесплатни курсеви од работниот календар на универзитетот за 2027 година.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.