Петрушевска праша како Парламентарното собрание може да ја зајакне својата улога во заштитата на Конвенцијата и да обезбеди таа ефикасно да се спроведува во сите земји членки. Учесниците на конференцијата разгледуваат и како парламентарната дипломатија може да придонесе за заеднички европски правен простор.
Меѓу темите се Новиот демократски пакт за Европа и начините да се зајакнат демократската безбедност и отпорноста на општествата. Во расправата за заштитата на демократијата, човековите права и владеењето на правото се разгледуваат војната во Украина, хибридните закани, дезинформациите и падот на довербата во институциите.
Посебен дел е посветен на тоа како младите можат да учествуваат во демократските процеси и во донесувањето одлуки. Се разгледува и како социјалните медиуми, вештачката интелигенција и дезинформациите влијаат врз демократските општества, како и придонесот на универзитетите и науката за демократските вредности и иновациите.
Со меѓународната парламентарна конференција се одбележуваат 35 години од приемот на Полска во Советот на Европа. Петрушевска ѝ го честита јубилејот на Полска. Целта на собирот е пратениците да се вклучат во европските дебати за демократските вредности, безбедноста и иднината на европската соработка.







Коментари (0)
Коментарите за оваа објава се затворени.